Амбасадорите бараат итно да се реши кризата и земјата да излезе од ќорсокак
Евроамбасадорот, Аиво Орав и британскиот амбасадор, Чарлс Гарет денеска порачаа дека е неопходно што поскоро да се најде решение за политичката криза во Македонија.
Се надеваат дека на овој начин Македонија ќе излезе од ќорсокак.
„Забележавме дека повеќето политички партии нема да учествуваат на изборите, дека избирачкиот список не е целосно прочистен, дека тешко оди реформата на медиумите и оти се уште е сериозен проблемот со одлуката за аболиција од страна на претседателот Иванов“ - вели Орав. Договорот потсетува беше да се организираат фер и кредибилни избори. Гарет е категоричен дека итно треба да се дојде до договор за излез од сегашниот ќорсокак и за повлекување на аболицијата од Иванов. Тој додава дека во секоја држава најважно е владеењето на правото и еднаквоста на граѓаните пред законот.Ваутер Пломп, амбасадор на Холандија во Македонија рече дека само една партија од четирите потписници на договорот од Пржино поднесе листи за избори, што значи ќе недостига веродостојност.
Слично
