Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасадори на две европски земји не сакаа да го слушаат говорот на Еди Рама, тој се налути

Амбасадори на две европски земји не сакаа да го слушаат говорот на Еди Рама, тој се налути

Амбасадорите на Германија и Франција ја напуштија средба пред aлбанскиот премиер Еди Рама да зборува за фискалната амнестија, која не ја поддржува Европската Комисија(ЕК). 

Амбасадорката на Франција, Елизабет Барсак и нејзиниот германски колега, Петер Зинграф го оставија без зборови премиерот Рама, откако ја напуштија конференцијата, кога шефот на Владата почна да зборува, пренесува агенцијата Балкан веб. Потоа Рама почнал да им се обраќа на отсутните амбасадори, а од странците побарал да не ја третираат Албанија како непријател. Ставот на ЕК е дека Нацрт-законот за фискална амнестија што го предлага албанската Влада е опасност за угледот на Албанија и слабеење на контролата во перењето пари. 

Инаку, Албанија чека да почне преговори со ЕУ. Ако Македонија не го прифати францускиот предлог, и не почне преговори, Рама ќе бара раздвојување. 

Слично

Поврзани вести