Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасада на САД: Загриженост за кривичниот случај против лидерот на опозицијата!

Амбасада на САД: Загриженост за кривичниот случај против лидерот на опозицијата!
Со повеќе реакции денеска се јавија странските претставници кај нас. Следува реакцијата на амбасадата на САД: Амбасадата на САД со загриженост го следи кривичниот случај против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок, се вели во соопштението на Амбасадата. Ги повикуваме властите да ги задоволат највисоките стандарди на правната држава, транспарентноста, принципиелноста, заштитата на слободата на говорот, како и судската независност во текот на процесот, за да се осигура интегритетот на демократските процеси во Македонија, соопштува американската Амбасада.   Инаку со свои реакции се јавија и повеќе аналитичари: Што и кој го натера Груевски јавно да се обрати пред граѓаните на Република Македонија, прашува и анализира, Јово Кекеновски во својот коментар за Фактoр. Кекеновски, вели, ако заканите и објавата за соработка со странски служби започнале уште на првата средба, зошто пет месеци народот и државата се држеле во опасност и неизвесност од можен државен удар односно зошто уште во старт не се превзеле мерки за негово спречување?

Кекеновски: Груевски треба да знае дека копирањето на Ердоган кај нас не поминува!

Слично

Поврзани вести