АМАЗОН СТАВА ВЕТО НА VISA КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА ВО ОВАА ЗЕМЈА: Што пресуди?
„Многу сме разочарани што Амазон се заканува да го ограничи изборот на потрошувачите во иднина. Кога изборот на потрошувачите е ограничен, никој не победува“, рече портпаролот на компанијата за картички...
Е-трговецот Амазон од следната година ќе престане да прифаќа купувања направени со кредитни картички Visa издадени во Обединетото Кралство. Ова е, всушност, најновиот обид на онлајн гигантот да се спротивстави на надоместоците за трансакции, кои ги наплаќаат платежните мрежи.
Корисниците на Амазон биле известени за промените оваа недела, пишува Блумберг, додавајќи дека по купувањето добиле известување од компанијата дека од 19 јануари 2022 година, Амазон повеќе нема да прифаќа Visa кредитни картички издадени во Обединетото Кралство.
Портпаролот на Амазон вели дека „трошокот за прифаќање плаќања со картички продолжува да биде пречка за компаниите кои се стремат да обезбедат најдобри цени за клиентите“. Клиентите сè уште можат да користат Visa дебитни картички, како и MasterCard и American Express кредитни картички, како и Visa кредитни картички издадени надвор од ОК, се наведува понатаму.
Исто така, на клиентите им се нуди попуст од 27 долари при нивното следно купување доколку користат дебитна или кредитна картичка - но не и Visa. Во Сингапур и Австралија, Амазон веќе воведе доплата за оние кои користат Visa кредитни картички.
„Многу сме разочарани што Amazon се заканува да го ограничи изборот на потрошувачите во иднина. Кога изборот на потрошувачите е ограничен, никој не победува“, изјави портпаролот на Visa во е-пошта. „Имаме долгогодишна врска со Amazon и продолжуваме да работиме на решение“, додаде тој. Акциите на Visa паднаа во САД по оваа објава.Се посочува дека темата е особено чувствителна во Велика Британија, по Брегзит, бидејќи и Visa и MasterCard ја повлекуваат контролата за зголемување на одредени давачки - сега кога Велика Британија е надвор од Европската унија. Новото истражување покажа дека цената на кредитните и дебитните картички пораснала за 150 милиони фунти годишно, со загуба и на британските и на европските трговци.
Напуштањето на Британија од ЕУ ги отстрани ограничувањата за трансакциите меѓу Обединетото Кралство и Европската економска област, дозволувајќи им на компаниите со картички да ги зголемат надоместоците за прекугранични плаќања. Во САД, Visa и MasterCard ги одложија плановите за зголемување на таксите што ги плаќаат американските трговци кога потрошувачите користат кредитни картички кога купуваат онлајн.
Додуша, промените требаше да се случат во април 2020 година, но поради пандемијата беа одложени за април 2022 година.
