Амантидис: За некои точки има договор, но преговорите продолжуваат
Јанис Аманатидис, заменик министерот за надворешни работи на Грција во интервју за грчкото радио Real FM, изјави дека меѓу двете земји одредени делови од спорот за името веќе се договорени, а за други прашања и натаму се преговара.
„Постојат прашања за кои има доближување, дури и договор, а постојат и прашања за кои се разговара. Затоа, во овој период ќе се направи оценка на преговорите што ги водеше министерот за надворешни работи Коѕијас и ќе имаме следна средба на 30 март во Виена со присуство на Нимиц“ вели Амантидис.
Тој исто така додава дека освен точки во кои има приближување, има и уште многу точки за кои сѐ уште се разговара и се во преговори.
„Направени се чекори, постои политичка волја и од другата страна и покрај тешкотиите што постојат и во ПЈРМ, за преговорите да одат напред и ова е позитивно“, вели заменикот на Коѕијас за грчкото радио
Амантидис не потенцираше ниту откри за кои точки се приближени позициите, а за кои се уште се преговара.
