Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМАН: Спремни сме, од 7-ми ќе се собираат потписи за промена на Законот за енергетика

АМАН: Спремни сме, од 7-ми ќе се собираат потписи за промена на Законот за енергетика
Граѓанското здружение Аман ги заврши подготовките за собирање на неопходните 10 илјади потписи за промена на Законот за енергетика. Потпишувањето ќе почне на 7 декември и тоа во 34 подрачни канцеларии на Државната изборна комисија во земјава. „По изминување на законскиот рок од 20 дена од добивањето на известувањето за организирање на собирањето потписи од граѓаните, подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, од 7 декември до 30 јануари ќе бидат отворени од 8.30 до 16.30 часот за да можат граѓаните да го дадат својот потпис за иницијативата на Аман“, посочи Благоја Стојковски, државен советник во ДИК. Претходно, појасни тој, од Аман до подрачните канцеларии ќе треба да бидат поднесени соодветните обрасци. „Граѓаните кои нè поддржаа во иницијативата за промена на Законот за енергетика од цела Македонија, сега ќе можат да го дадат својот потпис за таа промена. За да го дадат својот потпис тие ќе треба да понесат лична карта и да посетат една од канцелариите на ДИК кои ќе бидат отворени во работните денови, значи од понеделник до петок“, истакна Џелал Хоџиќ од граѓанското здружение. Од Аман бараат промена на Законот за енергетика поради високите цени на парното, струјата и горивото. За да ја почнат процедурата за промена на законот, прво мора да ја достават петицијата со најмалку 10 илјади потписи.
Слично

Поврзани вести