Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аман собра над 10 илјади потписи: Ќе се намалат ли цените на струјата и парното!?

Аман собра над 10 илјади потписи: Ќе се намалат ли цените на струјата и парното!?
Граѓанската иницијатива „Аман“ ги собра неопходните потписи од граѓаните со кои ќе побара измени на Законот за енергетика. Поради тоа од Државната изборна комисија (ДИК) веќе е побарано да ја прекине постапката за собирање потписи. Иако рокот за собирање на потписите траше до 31 јануари, во рекорден рок се собрани над 11.000 потписи. Сега ДИК треба да се произнесе за барањата на „Аман“, а потоа да се собере материјалот од подрачните единици на ДИК и во рок од три дена да се достави до Собранието. Потоа, на пленарна седница треба да се утврди потребата од измените на Законот за енергетика и да почне редовната собраниска процедура за промени на законот. Притоа од Граѓанската иницијатива бараат враќање на евтината дневна тарифа на струјата, како и регулирање на плаќањата за парното греење каде според Аман, граѓаните кои се откажале од парно не треба воопшто да плаќаат.
Слично

Поврзани вести