Аман со марш во Собрание; Потписите собрани, пратениците ќе решат дали ќе има евтина струја
Со протестен марш од Куќата на Мајка Тереза до Собрание, претставниците на граѓанската иницијатива Аман ги доставија собраните 13 илјади потписи, со кои од пратениците бараат промена за Законот за енергетика, односно враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и намалување на цената на парното.
Од Аман им се заблагодарија на сите граѓани кои што се потпишаа нивната иницијатива да биде разгледана од собраниските претставници, чие прифаќање ќе значи подобрување на животот на обичниот човек.
„И покрај тоа што потписите ги предаваме во период на нарушена атмосфера во Собранието и во период кога опозициските претставници се надвор од законодавниот дом и не се изјаснуваат за законите, сметаме дека ќе добиеме поддршка“, изјави Александар Гочев, од Аман.
Слично
