Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМАН нема да се откаже, со 10 000 потписи ќе се врати евтината тарифа!

АМАН нема да се откаже, со 10 000 потписи ќе се врати евтината тарифа!
Од граѓанското здружение Аман велат дека нема да престанат со протести против поскапувањата додека не соберат 10 илјади потписи за враќање на евтината тарифа и укинување на одлуката за плаќање на парно за граѓаните кои се исклучени. „Сметаме дека Собранието треба да ни го достави одобрението за да започнеме заедно со Државната изборна комисија да собираме 10.000 потписи. Очекуваме навремено да го добиеме. Нивниот одговор е дека постои промена на мојата адреса во личната карта затоа се одолговлекува“, вели Зорица Димовска, АМАН. Од АМАН бараат што поскоро да почне законското собирање на потписите за да може Собранието да гласа за измените со кои ќе се врати евтината тарифа за струја, и да се укине, како што велат незаконскиот правилник за парно греење со кој за греење плаќаат и исклучените граѓани.
Слично

Поврзани вести