Аман ги повика синдикатите на протест
Граѓанското движење Аман пред ССМ ги повика синдикатите да престанат да молчат и да се приклучат на протестите против серијата поскапувања на енергенсите. Им порачуваат да ги погледнат нивните синдикални колеги од Србија кои протестираат против тамошните поскапувања.
Новите протести се закажани за сабота во 12 часот, на старото место пред Регулаторната комисија за енергетика и ЕВН, каде што од Аман ги повикуваат сите граѓани кои неможат да си ги платат сметките да излезат и да го искажат своето незадоволство.
Слично
