Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМАН: Ем изгор струја, ем закани по живот!

АМАН: Ем изгор струја, ем закани по живот!
Здружението АМАН информираше дека нивен член добил закани по живот и безбедноста на семејството, вчера доцна попладне. Според одговрните во АМАН, две непознати лица во центарот на Скопје, насила запреле активист на нивното здружение, му покажувале слики од протестите и му се заканиле дека лошо ќе помине тој и неговото семејство, ако не запре со протестирање и собирање на потписи. Од граѓанското здружение „АМАН“, не сакаат никого да обвинуваат, велат дека  не се сомневаат во никој, а за случката ја информирале полицијата и мисијата на ОБСЕ во државава. Од овие институции бараат брза реакција за пронаоѓање на заканувачите. Сметаат дека таквите закани доаѓаат со цел да се спречи нивното граѓанско активирање со кое сакаат да стават крај на се поскапите енергенси, како струјата, или на парното греење. АМАН од неодамна почна постапка за собирање 10 000 потписи со кои се бара промена на Законот за енергетика - Влегуваме во опасна зона на закани. Нашите барања се граѓански, а не политички и затоа ќе продолжиме со иницијатива се до остварување на барањата. Ги повикуваме граѓаните да не се плашат и да ни се придружат со своите потписи  - рече Васко Лазаревски од „АМАН“ на прес конференција која денеска ова здружение ја држеше пред зградата на влада. Пред давањето на изјавата активистите на „АМАН“ имаа мал инцидент со полицијата која бараше да се тргнат од троторот пред Влада, оти не го најавиле протестот, односно прес конференцијата. - Апелираме, премиерот, да не го кочи процесот и што побрзо да го препрати нашето барање до Државната изборна комисија, за да можеме навреме да ја почнеме постапката за собирање 10.000 потписи, зашто времето изминува - порача Неда Чаповска од „АМАН“. Граѓанската иницијатива АМАН апелира до институциите да постапат по барањето и иницијативата за собирање 10.000 потписи за измени во Законот за енергетика, за што побрзо да се реализира оваа иницијатива. Според активистите на АМАН, постапката е сега заглавена меѓу Собранието, Владата и Државната изборна комисија, иако поминала цела недела од првичното одобрување на иницијативата во Собранието. АМАН бараат враќање на дневната евтина тарифа за струја и да се поништи уредбата со која за парно греење плаќаат и граѓаните кои се исклучени од системот.  
Слично

Поврзани вести