Алта ретаил на Давор Мацура ги купува Идеа маркетите и уште четири фирми од хрватската Фортенова група
Досега имаше неофицијални „гласини“ дека бизнисменот Давор Мацура, преку новооснованата компанија Алта ритеил, ги купува маркетите Идеа во Србија. Сега оваа вест доби официјална потврда што доаѓа од Македонија.
Само што Мацура не ги купува само маркетите Идеа, во кои спаѓаат и продавниците Рода и Меркатор, туку вкупно пет компании во сопственост на групацијата Фортенова од Хрватска.
Алта ритеил од Белград, во 100 отстотна сопственост на Давор Мацура, бизнисмен чија бизнис империја се прошири неколкукратно во последните години, купува пет компании во сопственост на групацијата Фортенова од Хрватска.
Како што објави Комисијата за заштита на конкуренцијата на Северна Македонија, оваа компанија, која припаѓа на групацијата Алта, има намера да стекне целосна контрола врз компаниите во сопственост на групацијата Фортенова, акционерско друштво за управување со седиште во Загреб.
„Трансакцијата е во врска со стекнување на целосна контрола над определени
друштва во сопственост на ФОРТЕНОВА ГРУПА акционерско друштво за
управување (FORTENOVA GRUPA dioničko društvo za upravljanje), друштво со
седиште на адреса ул. Маријан Чавиќ бр. 1, Загреб, Република Хрватска, и тоа
над следните друштва
Фортенова Група акционерско друштво за управување е присутна во
Република Северна Македонија преку Друштво за производство, трговија и
услуги Мерцатор ДООЕЛ Скопје – во ликвидација со дејностнеспецијализирана трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун, кое
друштво веќе не обавува деловна дејност.
Целните друштва примарно се занимаваат со трговија на мало“, објави КЗК.
