Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алта банка – една од најбрзо растечките и најиновативните банки во Србија, на чекор до проширување во Македонија

Алта банка – една од најбрзо растечките и најиновативните банки во Србија, на чекор до проширување во Македонија

Алта банка, една од најбрзо растечките и најиновативните финансиски институции во Србија, продолжува со својата стратегија за модернизација, дигитализација и проширување на своето присуство во регионот. Банката е препознатлива по воведување на современи дигитални решенија, напредни онлајн услуги и персонализиран пристап кон клиентите, што ја позиционира како доверлив и стабилен партнер за граѓаните и бизнисите.

Во рамките на својата регионална стратегија за развој, Алта банка изрази интерес за стекнување на контролен пакет акции и интеграција на Стопанска банка АД Битола. Овој процес претставува постапка на преземање во согласност со Законот за банки и со сите релевантни регулативи на Народната банка на Република Северна Македонија. Процесот беше потврден и од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој во интервју за Newsmax Balkans изјави дека е во тек оценка на понудата и финализирање на документацијата, со очекување за изјаснување и од Комисијата за хартии од вредност.

Од нашите извори дознаваме дека целата потребна документација е веќе изготвена и доставена до надлежните органи, а во моментов се чека на формално одобрување од Народната банка на Република Северна Македонија. По добивање на позитивно мислење и официјално одобрение, ќе биде спроведена целосната процедура на преземање, што вклучува и правна регистрација на промените во Централниот регистар и упис на новиот сопственички статус.

Овој чекор ќе овозможи дополнителен развој и стабилност на банкарскиот пазар во Македонија, носејќи со себе нови дигитални решенија, модерен пристап и засилена конкуренција која ќе биде во корист на клиентите.


Слично

Поврзани вести