Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алсат-М: Обвинителството на Катица Јанева на оценка пред Уставен Суд?

Алсат-М: Обвинителството на Катица Јанева на оценка пред Уставен Суд?

Уставниот суд на Република Македонија примил иницијатива за оценка на уставноста на Законот за т.н. специјално обвинителство, пренесува Алсат-М повикувајќи се на  неофицијални извори.

Медиумот пренесува дека иницијатавата е стигната или денес или изминативе неколку дена. Тоа значи, дека барем потенцијално, се отвара можност делови или целиот Закон со кој беше избрана Катица Јанева да биде прогласен за неуставен а со тоа да стане неуставно и Обвинителството кое треба да ја расчисти аферата со прислушувањето.

Со оглед на тоа што специјалното обвинителство но и неговата шефица Катица Јанева беа договорени меѓу четирите најголеми партии под меѓународно посредништво, исходот од поднесената инцијатива може директно да влијае на пропаст и на политичките преговори, пренесува уште Алсат-М.

Целиот текст тука.

Слично

Поврзани вести