Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ало, докторе!“ – на телефон побарајте совет од специјалист

„Ало, докторе!“ – на телефон побарајте совет од специјалист
Од понеделник започнува да функционира проектот „Ало, докторе!“, преку кој на бесплатниот телефонски број 15-123 граѓаните ќе можат да добијат совети од специјалист. На работа на оваа телефонска линија ќе бидат ангажирани 13 доктори. Од нив граѓаните ќе можат да добијат совет доколку имаат настинка, грип, зголемена температура, главоболка и без да посетат лекарска ординација. „Од секој град, од секое место можат да се обратат на овој број и да добијат соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, симптоматска терапија или пак повикот да биде прерпратен во итната медицинска помош“, вели Татјана Баевска-Вучковиќ, директорката на ЈЗУ Здравствен дом Скопје На огласот на Министерството за здравство за работа на оваа телефонска линија се пријавиле специјалисти од цела Македонија. На овој начин, министерот за здравство Никола Тодоров, очекува да се зголеми квалитетот на здравствените услуги.
Слично

Поврзани вести