Алијансата за позитивна Македонија со нова канцеларија и подготвена за избори
Во центарот на Скопје денеска бепше отворена првата канцеларија Алијансата за позитивна Македонија“. На отворањето беа двајцата од тројцата иницијатори на оваа партија, Љупчо Зиков и Владо Бучковски, додека отсутен беше Минчо Јорданов.
Како што изјави Зиков, се наоѓаме во период каде се кршат копја околу тоа дали ќе има или не предвремени избори. Тој посочи дека се подготвени за изборите, кога и да с еслучат тие, но истакна и дека во парламентот тешко се носат закони и како што рече, има премногу негативна енергија. Исто така, додаде Зиков, сите идеи ќе бидат вметнати во програмата која ќе се презентира на Основачкото собрание кон крајот на идниот месец.
„Сметам дека на Македонија и треба смирување на политичката сцена, а потоа и помирување. Ние уште еднаш порачуваме дека сме подготвени за предвремени избори“, изјави Зиков.
Според основачите, Алијансата не е ниту лево, ни десно, односно дека не се блиски и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ.
„Ние сме со народот. Нашата цел е искрена-со личен пример да покажеме дека може да се опстојува на политичката сцена без говор на омраза“, изјави Бучковски.
Слично
