Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алкохолот по празниците: Секс или шкембе чорба против мамурлак?

Алкохолот по празниците: Секс или шкембе чорба против мамурлак?

Кога ќе претерате со алкохолот, особено по празниците, има некои испробани лекови против мамурлук, освен шкембе чорбата.

Вода, свежо овошје, секс, сок од домати, гимнастика, топол туш и пеење - ова се корисни совети против мамурлак.

Свежо овошје наместо мрсна храна

Од мамурлак може да се чувствувате како да ве удрила шајка во главата или ви е столчено телото. Иако во повеќето случаи против мамурлак се препорачуваат шкембе чорба или пржени компири, плодовите се всушност идеална храна која со брзина на молња ќе ги донесе во организмот потребните и изгубени витамини.

секс 1

Сексот го лечи и мамурлакот

Дури и ако се чуствувате многу лошо следното утро после конзумирањето на алкохол и во главата ви се врти и не можете ни да помислите да се тркалате низ чаршафите, пробајте да имате секс. Нема да зажалите, бидејќи на тој начин ќе ги исфрлите од телото отровните материи. Освен тоа, добро е познато дека сексот ги стимулира центрите во мозокот за задоволство, што исто така ќе ви помогне за враќање во нормална состојба.

Вода, вода и вода!

Една од најважните причини зошто ви е тешко да сте функционални наутро по пиење, е дехидрацијата. Значи на организмот му недостасува вода и мора итно да пиете многу вода! Колку порано ќе почнете да пиете вода, толку побрзо ќе ви биде подобро. Најдобро решение за време на употребата на алкохол е да пиете и по неколку голтки вода.

Мамурлак: сок од домати - да, грејпфрут - не

Додека вие уживате во различните алкохолни пијалоци, вашиот организам ги троши резервите на витамини, како А, Б (особено B 6) и С. Недостатокот на витамини е причината поради која се чувствувате мамурно, и сте толку исцрпени. Со овие состојки тоа можете да го направите со пиење на сок од портокал, сок од домати или енергетски пијалоци за спортисти, кои се богати со витамини. Но запомнете - не консумирајте сок од грејпфрут! Тој само ќе ви го зголеми гадењето.

Растегнете ги мускулите!

Не станува збор за трчање или вежбање во теретана, бидејќи најверојатно нема да сте во можност, но некои лесни, едноставни вежби, можат да бидат од голема корист. Движењето ќе му помогне на телото да ги исфрли од себе штетните состојки кои сте ги внеле претходната вечер.

Пејте под топол туш и ќе си ги ублажите мамурлаците.

туш

Слично

Поврзани вести