Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алкалоид: За три месеци – добивка над три милиони евра и нови вработувања

Алкалоид: За три месеци – добивка над три милиони евра и нови вработувања
Во првиот квартал од годинава фармацевтската индустрија „Алкалоид“ оствари добивка од 3,1 милиони евра, покажа неревидираниот биланс на успех, што компанијата го достави до Македонската берза. За споредба, во истиот период лани, компанијата остварила добивка по оданочување од 2,9 милиони евра. Вкупните приходи од продажба на компанијата изнесуваат 1,8 милијарди денари, од кои околу една милијарда се остварени на странскиот пазар, а останатите дома. Во првите три месеци од годинава компанијата реализираше и 24 нови вработувања.
Слично

Поврзани вести