Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ СВОЈА ФИРМА ВО РОМАНИЈА - основачкиот влог на новиот правен субјект е 100.000 евра

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ СВОЈА ФИРМА ВО РОМАНИЈА - основачкиот влог на новиот правен субјект е 100.000 евра

Нашиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ отвора своја фирма во Романија.

За оваа информација компанијата извести преку Македонската берза, како ценовно чувствителна информација.

„Во согласност со долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на брендот АЛКАЛОИД и со цел зајакнување на постојните извозни позиции, особено на пазарите во Европската Унија, менаџментот на компанијата донесе одлука за отворање ново друштво во ЕУ, овојпат во Романија. 

Имајќи предвид дека повеќе од 65 отсто од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Во таа насока, новоотворениот правен субјект е седми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија. По долгогодишното присуство и успешно работење на пазарот во Романија, АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L“. Друштвото, чиј основачки влог изнесува 100.000 евра, е во 100 отсто сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје. 

АЛКАЛОИД е присутен во Романија преку палетата на фармацевтски производи, како и преку програмата за хемодијализа која вклучува неколку групи производи. Реализираните продажби за 2021 година на пазарот во Романија изнесуваа 212,5 милиони денари, а во првата половина од 2022 година, компанијата забележа раст од 140 отсто на овој пазар споредено со истиот период минатата година. Со ваквиот потег АЛКАЛОИД продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, за развој во деловните контури на извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција“, се вели во ценовно чувствителната информација.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести