Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛКАЛОИД: Нови вработувања, освојување на пазари и откритија! 

АЛКАЛОИД: Нови вработувања, освојување на пазари и откритија! 
Фармацевтскиот гигант “Алкалоид“ зад себе остави уште една успешна година, со позитивни финансиски резултати, одржливост на домашниот пазар, освојување на нови странски пазари, со отворени врати за образуван кадар и нови инвестициски зафати. Компанијата вложуваше во САД и Европската Унија, на домашен терен успеа да ги добие сите потребни дозволи кои ги гарантираат еколошките стандарди. Финансиски показатели...   Според Билансот на успех, во деветте месеци од 2014 та година, или од јануари до крајот на септември, компанијата оствари позитивни финансиски резултати. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 801 милиони денари што претставува зголемување од околу 10%. Нето добивката изнесува 457 милиони денари што претставува зголемување од 4%. Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 5.550 милиони денари бележат зголемување од 8% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година, при што е реализиран раст на консолидираните извозни продажби од 11%. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 833 милиони денари што претставува зголемување од околу 10%. Нето добивката изнесува 440 милиони денари што претставува зголемување од 4%. company_big По успешната 2013 та година, фармацевстаката компанија лани ја подели и дивидендата на своите акционери, повисока за 9%. “Согласно одлуката донесена на Собранието на акционери, акционерите на Алкалоид добиваат бруто дивиденда за 2013 година во износ 200,00 денари за акција.Дивидендата која акционерите на Алкалоид ја добиваат за 2013 година е за 9,09% поголема од дивидендата која им беше исплатена за 2012 година.“, информираа од компанијата. Во периодот јануари – септември 2014 година во ‘‘Алкалоид‘‘ се реализирани 54 нови вработувања. Освојување на нови пазари, САД и ЕУ – таргет...  На истекот од 2014 година, компанијата напарви зафат со кој продолжи во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во изврши дополнително вложување во постојното друштво во САД по пат на зголемување на основачкиот влог. “Вложувањето се изврши во Alkaloid USA LLC во Охајо, САД по пат на заедничко вложување со досегашниот партнер V.Stavroff, LLC. Уделот на Алкалоид АД Скопје во ова вложување изнесува 30.380,00 долари. Со зголемувањето на основачкиот влог не се менува воспоставениот сооднос на основачкиот влог во друштвото меѓу V.Stavroff, LLC и Алкалоид АД Скопје.“ – информираа од “Алкалоид“. alkaloid_usa3 Со оваа инвестиција, компанијата успеа да  го зајакне своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото. Но вложувањата продолжија до самиот крај на 2014 година. Во декември компанијата  изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Македонија, по пат на зголемување на основната главнина. “Вложувањето се изврши во Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје каде што се вложени 50 милиони денари. Друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје. Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на пазарот и продолжува да го проширува своето портфолио со лекови и медицински помагала со конкурентни цени и проверен квалитет.“ – соопштија од фирмата.   Во текот на 2014 та година, комапнијата регистрираше нова фирма во Словенија. “Станува збор за воведување сопствена хемиска лабораторија за тестирање на производи на територијата на Европската Унија, со цел пуштање во промет серија лек, инвестиција вредна околу 600.000 евра. Новоформираното друштво е во 100% сопственост на „Алкалоид АД“ Скопје.“, соопштија од компанијата и оценуваат дека со овој потег фирмата ги зајакна позициите на пазарите на ЕУ како, но постигна  поголемо пазарно учество. “Со континуираните вложувања во и надвор од границите на Македонија, „Алкалоид“ ги продолжува активностите за зацврстување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба“ – оценуваат од “Алкалоид“ На пазарите каде веќе е позиционирана со своето производство, “Алкалоид“ лани успешни ги помина странските инспекции. alkaloid-farmacija-11 Така, Националниот центар за експертиза на лекови, медицински помагала и медицинска опрема, при Министерството за здравство на Република Казахстан, по извршената инспекција на погоните за производство на цврсти фармацевтски дозни форми и полусинтетски цефалоспорини на „Алкалоид АД Скопје“, спроведена во јуни 2014 година, даде  позитивен извештај за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP). Ова беше прва инспекција на фармацевтските погони на „Алкалоид“ извршени од страна на авторитетите на земја членка на Заедницата на независни држави (ЗНД) Општествена одговорност, европски стандарди ...  Откако во 2012 та година “Алкалоид доби А-дозвола за усогласување со оперативниот план на Алкалоид - АД – ПЦ Фармација за локалитетот Автокоманда, компанијата лани ги доби и останатите две дозволи за инсталациите а кои се потврда за заложбите на фирмата за заштита на животната средина. “Алкалоид АД Скопје доби и писмена потврда за заложбите во делот на грижата кон животната средина, како еден од перманентните принципи на деловната политика која ја води со децении. Компанијата успеа да ги добие сите интегрирани еколошки дозволи – А за усогласување со оперативниот план“ – соопштија од фирмата. Новодобиените А-дозволи за усогласување со оперативниот план се однесуваат на Алкалоид АД – ПЦ Програма Хемија и за Алкалоид АД – ПЦ Фармација, двете со локација во општина Ѓорче Петров. Поради усогласување со законската регулатива во земјава и со закoнодавствството на ЕУ, како и заради интегрирано спречување и контрола на загадувањето, Алкалоид уште во 2007 година ги отпочна подготовките за добивање интегрирана еколошка дозвола, потфат за кој се вложени над половина милион евра. Награди и признанија... Успесите на компанија, лани беа зајанати и со успехот на првиот човек на “Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој на четвртиот Фестивал на кинематографиите од Jугоисточна Европа, „SEE a Paris“ („ЈИЕ во Париз“, н.з.), ја доби наградата „ЈИЕ Личност за 2014“, за неговите заслуги и достигнувања во сферата на економијата, корпоративната одговорност, придонесите во културата и спортот и разни сфери од јавниот живот кои го обединуваат регионот на Југоисточна Европа. Zivko-Mukaetov-1 Во престижниот париски „Театар Ле Палас“, каде се одржа манифестацијата, присуствуваа претставници на „УНЕСКО“, високи претставници на амбасадите на земјите на Југоисточна Европа во Париз, личности од јавниот и културниот живот на оваа метропола. Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа „ЈИЕ во Париз“,изминативе три години  се смета дека ги воспостави разрушените мостови помеѓу земјите на Југоисточна Европа и оствари исклучително ехо на интернационален план, како реафирмација на цивилизацискиот простор, што ги обединува културите на сите народи од овој дел на Европа. Лани, фармацевската компанија по четврти пат ја доби наградата “Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје, овојпат за 2013 година. Оваа награда, според менаџментот на фирмата,  претставува уште едно признание за нивото на корпоративното управување и корпоративната општествена одговорност, транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто. Ланската година, како што успешно зарши, така и успешно почна за “Алкалоид“. Компанијата ја старуваше годината со значајно откритие пред светската научна јавност. “Истражувачкиот тим на "Алкалоид" во директна соработка со престижниот Макс Планк Институт од Штутгарт и Институтот за хемија при ПМФ Скопје, за прв пат во светски рамки ја реши кристалната структура на соединението кодеин фосфат сесквихидрат, супстанца која зазема значајно место во фармацевтската индустрија и се употребува повеќе од половина век.Познавањето на кристалната структура на секое фармацевтски-активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичко-хемиски својства“ – соопштија од компанијата. Во март, кога беше објавено откритието, генералниот директор на компанијата стана дел од светското елитно друштво на Млади глобални лидери, чија главна цел е со заеднички напори и залагања, да го направат светот подобро место за живеење. А.Д. [box type="shadow" ]Иако 2014-та година ќе остане запишана како година во која македонската економија прикажа најголем раст на БДП во однос на регионот, факт е дека земјата се уште е далеку од посакуваните силни економски резултати или показатели. Сепак, изминатата година ќе биде година за паметење за десетина големи и средни македонски компании. Некои од нив успеаа од зоната на неликвидност да испливаат кон позитивни резултати, други градеа рекорди, трети се проширија во својот бизнис или добиваа и добиваат се повеќе нови клиенти. „Алкалоид“, „Адора Инжинеринг“,„Кроација осигурување живот“, „Шпаркасе Банка“, „Стопанска Банка Битола“, „Стопанска Банка Скопје“, „ЕВН“, „Жито Маркети“, „Здравје Радово“, „ЕДС“ „Уни Банка“, растеа заедно со предизвиците на македонската економија, успешно градејќи го својот корпоративен имиџ, како дома, така и во странство. Сите овие компании, од прва до последна покажаа и грижа за општеството, за оние на кои им е најпотребна помошта, на нашите соседи, пријатели, знајни и незнајни херои, со кои судбината на неубав начин си поиграла. Затоа тука се општествено одговорните компании, кои растот на својот бизнис секогаш го следеа со постојани хуманитарни акции. Тие покажаа дека бизнисот не е само сурова трка по пари, туку многу повеќе од тоа. Во изборот на „Фактор“ новинарите ги посочија токму набројаните фирми како бизнис-лидери на 2014-та година.[/box]
Слично

Поврзани вести