Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Алкалоид“ го освојува пазарот во САД

„Алкалоид“ го освојува пазарот во САД

АД „Алкалоид“ објави дека од вкупните консолидирани продажби,37% се остварени на домашен пазар, додека 63% се остварени на странски пазари при вкупен раст од четири отсто на овој сегмент во 2018-та.

Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 6%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. 

Најзабележителен раст е остварен во Полска со продажби од 24.857.778 денари што е 7,4 пати повеќе од лани,  потоа во Унгарија со продажби од 70.759.053 денари што претставува зголемување од 6 пати и САД со продажби од 97.149.017 денари што е двојно повеќе споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Украина раст од 88%, Чешка раст од 48%, Србија раст од 24%, Косово раст од 23%, Хрватска раст од 4% итн.



Слично

Поврзани вести