Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Алкалоид“ ги реизбра членовите на Управниот одбор

„Алкалоид“ ги реизбра членовите на Управниот одбор

Поради истекот на мандатот на членовите на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Надзорниот одбор донесе oдлука за избор на членови на Управен одбор.

Како што е објавено од компанијата на Македонска берза за членови на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје повторно се избрани Живко Мукаетов, Милкица Глигорова, Ѓорѓи Јованов, Ќире Ицев и Виктор Стојчевски .

Членовите на Управниот одбор се избрани за период од шест (6) години, сметано од 21.11.2016 година. 

Членот на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје Живко Мукаетов се именува за Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје кој пак го застапува Друштвото во односите со трети лица, без ограничување и носи назив Генерален директор.

Слично

Поврзани вести