Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алкалоид АД Скопје ќе исплати за 14,3 отсто поголема дивиденда во однос на минатата година

Алкалоид АД Скопје ќе исплати за 14,3 отсто поголема дивиденда во однос на минатата година

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на вчерашната седница донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година да биде во износ од 720 денари бруто односно 648 денари нето по акција,.

Во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630 денари бруто односно 567 денари нето е поголема за 14,3 проценти.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари.

Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.

Алкалоид АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на 30 март 2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото.



Слично

Поврзани вести