Алиу: Странските работници во градежниот сектор се попродуктивни
Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу во Бизнис 21 на ТВ21 изјави дека дел од странските работници вработени во локалните компании, особено во градежниот сектор, покажуваат поголема продуктивност и поголема работна етика од локалната работна сила.
„Не сме задоволни од странските работници воопшто, исклучок е градежниот сектор, каде што тие покажуваат знаење и посветеност на работата и вредат повеќе од нашите работници“, изјави Алиу.
Тој нагласи дека насекаде во нашиот регион има побарувачка за добри работници.
„Ние, како стопанска комора, дури и презедовме иницијатива да отвориме неколку центри за обука и квалификација на занаетчии. Знаете како е, порано имавме основни и средни стручни училишта, каде што овие работници беа подготвувани за разни занаети - и сè функционираше добро. Но, во последниве години повеќе немаме такви училишта. Затоа предложивме отворање специјални центри или училишта каде што работниците за градежниот сектор ќе бидат обучени и квалификувани“, додаде Алиу.
