Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛИЛ ДЕМИРИ НА СЛОБОДА - Вчера беше уапсен по меѓународна потерница по убиството кај Смилковско езеро

АЛИЛ ДЕМИРИ НА СЛОБОДА - Вчера беше уапсен по меѓународна потерница по убиството кај Смилковско езеро

Косовските медиуми јавуваат дека Алил Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција по меѓународна потерница, е ослободен.

Веста ја потврди неговиот адвокат Бесник Бериша.

- По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето. Алил Демири сега е на слобода - изјави неговиот адвокат Бесник Бериша.

Демири е осуден на доживотен затвор за случајот Смилковско Езеро од април 2012-та кога беа убиени 5 луѓе.  

Веста ја објавија и повеќе косовски медиуми. 

Демири повеќе од 11 години е во бегство, а вчера беше уапсен по меѓународна потерница издадена од Македонија, како што соопшти МВР во координација на македонската и косовската полиција.

По Демири се уште важечка е екстрадицијата која е побарана во 2018-та година. Претходно Демири исто така беше уапсен во Косово и одлежа затворска казна за недозволено носење на оружје, но барањето за екстрадиција беше отфрлено.

За случајот имаше и второ судење, а Алил Демири, во скопскиот кривичен суд беше повторно осуден за тероризам, за 5-кратната ликвидација кај Смилковско Езеро и повторно доби доживотен затвор. Во бегство е и вториот осуден на доживотен затвор Африм Исмаиловиќ.

Фото: shenja.tv

Слично

Поврзани вести