АЛИБИ ДИЈАЛОГ или ГНИЛ КОМПРОМИС: Што ќе донесат преговорите Груевски – Заев?
Македонија ќе има профит само ако се искрени мотивите и целите од обновениот лидерски дијалог власт-опозиција. Државата е во драматичен застој, а критиките на ОБСЕ за изборниот процес се на конто од владеечката коалиција. Можната средба е продолжување на гнилите компромиси, со еднократна употребна вредност.
Консултираните соговорници на Фактор не очекуваат спектакуларни компромиси, но едногласно се уверени дека Груевски и Заев немаат голем маневарски простор. Според професор Борче Давитковски,техничката Влада не е решение, додека професор Имер исмаили не верува во чесните намери на Премиерот. За Мирка Велиновска кавгата меѓу Македонците го доведува во прашање унитарниот карактер на државата. Љупчо Поповски не е убеден дека ќе се изгуби препораката од ЕУ, но факт е дека Македонија е сама во балканскиот ќорсокак.
Од престојниот дијалог не може да се очекуваат спектакуларни резултати, засега може да биде задоволена само формата на која инсистира Брисел за ад-хок Договор, со кој би се елиминирал бојкотот на Парламентот од страна на опозицијата. Заев ќе ги достави препознатливите барања, а Груевски, е очигледно решен се да прифати, оценува за Фактор коментаторот Мирка Велиновска.
„Јас ова го нарекувам гнил компромис што ќе има еднократна употребна вредност, за пишувачите на извештајот на Европската комисија за сите што се задолжени во Брисел, од дипломати до известувачи. Ова е тотално опуртунистички пристап за решавање на македонската политичка криза. Вистинскиот дијалог, што ќе ја растовари Македонија од проблемите што ги има од еден од друг изборен циклус во последните осум години , ќе стане реален ако се отворат сериозни теми од сериозни политичари . Се уште не се на дневен ред националните или т. н. државни интереси и приоритети; проблемот со името, финансирањето буџетските трошоци, последиците од војната во 2001г. кој го изместија и таканаречениот Рамковен Устав. Нема дебата за стожерните вредности на правна држава, за судство, реформи во администрацијата. Ништо од ова не се зафаќа во лидерските дијалози. Македонија и натаму е заробеник на последиците од нејасната политичка кавга и нејзино надминување низ релевантен дијалог“, вели за Фактор Мирка Велиновска, новинарски аналитичар.
Според неа, целата негативна енергија во актуелната политичка ситуација доаѓа од СДСМ , што не може да се соочи со плуралистичката демокартија, да ги прифати правилата на игра. Социјалдемократите сметаат дека само тие се единствените и предодредени да ја водат државата.
Наспроти овој став на Велиновска, универитетскиот професор Имер Исмаили и натаму има дилеми околу чесноста и кохабитацијата на Груевски. Дури откако ќе се најде во теснец, со притисок од меѓународната заедница, лидерот на ВМРО ДПМНЕ се сеќава дека постои опозиција, дека владее само со 30 насто од свои луѓе, но и дека во државата има и други избирачи, кои се над 70 насто, а не му ја даваат поддршката.
„Лидерскиот дијалог е повеќе предизвикан од методите на владеење на Груевски. Но сепак посакувам да има резултати, без оглед кои од двајцата лидери или партии ќе изгуби или добие. Ако се искрени нивните мотиви и цели, од обновениот дијалог, може да профитира Македонија“, коментира за Фактор професор Исмаили.
И тој, како и професор Борче Давитковски оценуваат дека не постојат услови за техничка Влада. Тој сугерира квартетен лидерски дијалог, со вклучување и на двајцата партиски водачи од албанската заедница.
Според претседателот на Ад-Хок Комсијата за расветлување на случувањата во Собранието од 24 декември , Груевски и Заев се уште не се стигнати до реализацијата на превземените обврски од предходниот Договор, по црниот собраниски понеделник.
„Европската комисија прва ќе оцени зошто и како не се реализирани тогашните обврски за решенијата за Собранискиот Деловник, законот за Собрание, парламентарниот етички кодекс. Ако се води сметка за интересите на државата сега приоритет се прашањата за името, приемот во НАТО, со можност да влеземе и под референцата ПЈРМ . Нам ни е неопходен влез во Алијансата со оглед на новите геостратешки поместувања“, оценува за Фактор професор Давитковски .
Коментаторот на Утрински весник Љупчо Поповски изјави дека не мисли дека препораката ќе биде одземена.
„
Не верувам , но не исклучувам суспендирање или одземање на препораката за почетокот на преговори со ЕУ. Тоа би било драматична одлука во историјата на Унијата. Но факт е дека официјален Брисел ќе побара од Македонија, од нејзините лидери да дадат гаранции пред воопшто , многу позасилено да се вклучи меѓународната заедница. Таа сега е присутна на ниско ниво. Во Скопје нема интернациопнална пожарникарска екипа од Брисел и засега странците вршат само притисок за ваков дијалог. Не очекувам спектакуларни резултати, напротив се’ поизвесен е неуспехот, зашто СДСМ нема да го прифати пакетот за решавање на кризата, ако Груевски таков пакет воопшто и има.“
Според Поповски, лошите оценки на ОБСЕ за изборите одат на конто на тандемот Груевски - Ахмети. Албанија доби европската кандидатура, а ние и натаму драматично заостануваме и тоа сериозно ги загрижува „безгрижните“ Груевски и Ахмети. “ Македонија има недостиг од демократски стандарди и слобода на медиуми”.
Наспроти него, професорот од Штуловиот универзитет Имер Исмаили за Фактор вели:
„Медиуми?! – Во поголемиот дел од нив владее автоцензура, што не секогаш е ограничување на слободна од страна државно-политичите владетели. И во услови на неслобода новинарите и интелектуалците мораат да се водат од мотивите на храброст во изложувањето на ставовите и практикуавњето на професијата. Најголемиот дел од македонските новинари ја изгубија етичноста на професијата. Тие се повеќе се’ чиновници одошто трагачи по вистината“.
За Исмаили односот на ВМРО ДПМНЕ кон меѓународната заедница и кон другите во земјава е тоталитарен. Странците се’ почесто се принудени да интервенираат, зошто кај партиите во Македонија преовладува племенската логика.
„Големите партии во Македонија немаат чувство за меѓусебна кохабитација, предупредува Велиновска. Тие бараат интеревенција на меѓународниот фактор, преку своите политички елити, кои не сакаат Македонија да биде независна држава. Штом се бара медијација од странци, значи дека во државата нема политичари и капацитети за менаџирање со криза. Се испреплетуваат интересите на центрите на моќ од надвор и од внатре во дражавата. Како некој свесно да продуцира непремостливи разлики, како во случајот со Украина, за да не може да се говори и задржи унитарна Македонија. Сега таа не е загрозена од Албанците, туку од меѓумакедонскиот судир, во чија основа не се само идеолошките разлики “, оцени за Фактор Мирка Велиновска, по најавите за меѓулидерски дијалог на Груевски и Заев.
Горазд Чомовски

Слично