АЛИБАБА, СПОТИФАЈ И ВАЈБЕР - нивни експерти доаѓаат во Скопје
Над 25 домашни и странски експерти од 10 држави ќе присуствуваат на конференцијата за е-трговија во земјава што четврти пат ќе се одржи на 12 ноември годинава под мотото „Ready, set, grow!“. Меѓу учесниците најавени се и претставници од Вајбер, Алибаба и Спотифај.
Конференцијата ќе се одржи во хибриден формат, односно со физичко присуство во хотелот „Хилтон“ и преку интернет.
„Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата“, информираат организаторите.
Генерален партнер на конференцијата и годинава е „Мастеркард“, а „А1 Македонија“ е дигитален партнер. Организациски партнер е Фондот за иновации и технолошки развој.
Слично
