Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети се пишмани за избори на 5 јуни?

Али Ахмети се пишмани за избори на 5 јуни?

Пишманење и променет став во однос на изборите закажани за петти јуни може да се прочита од одговорот кој во интервју за германски „Дер Стандард“ го даде лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Запрашан за одржувањето на изборите, Али Ахмети, како што пренесе Дојче Веле возвратил со контрапрашње: „Кои избори? Правите шега со мене? а потоа дообјаснил:

„ДУИ сака исполнување на сите критериуми, со цел веродостојноста на изборите да биде призната од сите, и од меѓународната заедница. Ние, четирите партии, решивме да ги одложиме изборите за 5 јуни. Но, сега опозицијата ја оспорува работата на Државната изборна комисија. За земјата не би било добро да се оди на избори без опозиција. ДИК мора да се произнесе околу оправданоста на барањата на опозицијата, а тоа би требало да го коментираат и меѓународните претставници. Во земјата владее хаотична ситуација, управата не функционира, владее општо исчекување.“

Ставот на Ахмети, во однос на аболицијата на претседателот Иванов, е дека Иванов треба да ја повлече неприфатливата одлука за аболиција, спротивна на правната држава.

Слично

Поврзани вести