Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети повреден во сообраќајка

Али Ахмети повреден во сообраќајка
Порталот на албански јазик Журнал јавува дека лидерот на ДУИ Али Ахмети доживеа сообраќајна несреќа кај патарината кај Гостивар, патувајќи од Кичево кон Скопје, објави Според порталот, Ахмети е полесно повреден додека возачот доживеал потешки повреди. Автомобилот со кој патувал Ахмети се удрил во бетонскиот столб на патарината, а порталот првично наведува дек причина за сообраќајката била намалената видливост заради маглата. Ахмети патувал кон Скопје на средба со спикерот во албанскиот Парламент, Илир Мета. Веста за Плус инфо ја потврдиле од ДУИ.
Слично

Поврзани вести