„Алфите“ добија нови решенија за работа во МВР
Поранешната Единица за борба против криминалот е преименувана во Единица за прв одговор и интервенција – „Алфа“ и е дел од новата систематизација во МВР. Припадниците на оваа единица денеска добија нови решенија за работа.
„Алфите го добија статусот кој одамна го заслужуваат. Ризикот со кој се соочувате е голем, но вие покажавате на дело што значи храброст и сите треба да знаат дека вашата пожртвуваност се вреднува“, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Според Јанкуловска, одлуката за доделување нови решенија на 128 припадници на оваа единица е оправдана. Во деветгодишното постоење, „алфите“ привеле 17.052 лица од кои над 3.000 поради нарушување на јавниот ред и мир, над 680 за нелегално поседување на оружје, 3.528 поради поседување наркотични средства и над 2.800 за царински прекршоци и други кривични дела.
Слично
