Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алфеев: Руската православна црква сака да посредува помеѓу МПЦ и СПЦ

Алфеев: Руската православна црква сака да посредува помеѓу МПЦ и СПЦ
Руската православна црква не може еднострано да ја признае МПЦ. Тоа треба да биде направено врз основа на сеправославно решение, а ние сме подготвени да бидеме посредници. Ова во интервју за Верската информативна агенција (ВИА) го истакнал вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион Алфеев истакнувајќи дека Москва сака да посредува помеѓу Белград и Скопје. Агенцијата потсетува дека можеби се работи за понуда за „самоуправа“ на МПЦ во однос на СПЦ. Ваква е релацијата на РПЦ со црквата во Киев, во Молдавија, Естонија и Летонија. Ова значи дека МПЦ би имала целосна автономија, но изборот на поглаварот би требало да биде потврден од поглаварот на СПЦ. Според ВИА, во Скопје биле скептични кон овој предлог на Иларион.
Слично

Поврзани вести