Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛФА ТВ била продадена уште на 25 ти јуни!

АЛФА ТВ била продадена уште на 25 ти јуни!
Српска фирма, со седиште во Холандските антили, е нов сопственик на скопската телевизија „Алфа“, објави регионалниот интернет портал „Балкан Инсајт“. Порталот тврди дека имал увид во документи од Централниот регистар во кои како нов сопственик на телевизијата е впишана компанијата CHS, преку фирмата CHS Invest Group, регистрирана во Скопје, која за 56 отсто од акциите на „Фершпед“ платила 2,5 милиони евра, a купувањето е направено уште на 25 ти јуни. За продажбата, според „Балкан Инсајд“, не е информиран Советот за радиодифузија и покрај законската обврска за тоа. Порталот пренесува и изјава на директорката во „Алфа“, Мелпомени Корнети, која вели дека засега компанијата одлучила да не открива детали за продажбата на телевизијата. Според сознанијата на „Балкан Инсајт“, српската фирма е во целосна сопственост на Comtrade Holding, оф-шоп компанија регистрирана на Холандските антили. Фирмата CHS Invest Group, пак, според порталот, била регистрирана во Скопје три дена пред, како што се тврди, купувањето на телевизијата.
Слично

Поврзани вести