Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алексов: Во 2013 Штип ќе има буџет од 7 милиони евра

Алексов: Во 2013 Штип ќе има буџет од 7 милиони евра

Општина Штип во 2013 година ќе има буџет од 7 милиони евра. Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов вели дека за наредната година има големо зголемување на буџетот, а без да се зголемуваат даноците и да се воведуваат нови такси за граѓаните.

- Големиот прилив на средства во буџетот за наредната година е резултат на тоа што го работевме во изминатите 4 години. Значи ќе имаме продажба на ново градежно земјиште, а со тоа и повеќе комуналии, а исто така резултатите од процесот на легализацијата на дивоградбите очекуваме да се покажат и очекуваме дека некаде околу 70 милиони денари ќе влезат во буџетот, токму од легализацијата на објектите, рече Алексов.

Тој забележува дека 40 отсто од буџетските средства во 2013 година ќе бидат инвестирани во асфалтирање нови улици и изградба на тротоари, а голем приоритет ќе имаат улиците на кои што коцката треба да се замени со асфалт. Приоритетни улици за санација, но и за реконструкција на водоводната и канализациската мрежа се „Христијан Карпош“, „Вита Поп-Јодранова“,  ќе продолжи и изградбата на улицата „Вардарска“ и изградба на турбо кружен тек на крстосницата кај „Дујле“

Слично

Поврзани вести