Алексеј Милер доби нов 5-годишен мандат на чело на „Газпром“
Договорот на Алексеј Милер со рускиот енергетски гигант „Газпром“ ќе биде продолжен за период од пет години, пишува весникот „Коммерсант“, повикувајќи се на сопствени извори.
Владата во Москва ја одобри директивата на претставниците на државата во Одборот на директори на „Гаспром“, според која претседателот на Управниот одбор на компанијата ќе остане на функцијата уште пет години. Претстои усогласување на одлуката со претседателот Владимир Путин, но „тоа е чиста формалност“, тврди извор од Кремљ.
На овој начин Милер ќе остане на чело на „Газпром“ до 2021 година, останувајќи најдолго на таа позиција. Сепак неговиот нов петгодишен план ветува да биде посложен и од претходниот: позициите на руската компанија на пазарот стануваат се почуствителни.
Алексеј Милер се смета за највисоко платениот руски менаџер, а неговата годишна плата расте секоја година. Последната позната информација е од 2014 година, кога тој зел во форма на плати и дополнителни бонуси 27 милиони долари.
