Алексеј Дума: Материјалот што го добивме од Грција не е многу подобен за анализа
Грчките власти, заедно со телото што наводно и припаѓа на младата Дениса Маркоска, испратиле само посмртница, без извештај од првичната обдукција и фотодокументација. Ова ќе им ја отежне работата на македонските експерти кои денеска ги започнаа подготовките за реобдукција на телото.
„Треба време, треба да се спроведат испитувањата , анализите... Колку ќе добиеме, ќе видиме бидејќи телото е изразито трулежно променето, што ја отежнува постапката.Тоа значи дека ќе треба време. Отприлика за половина од времето што и требало на Грција за да го достави телото во Македонија“, вели првиот човек на Институтот за судска медицина д-р Алексеј Дума.
Првичните испитувања се во тек и најпрво ќе треба да се утврди идентитетот на починатата. Комплетните резултати од завршената обдукција ќе му бидат предадени на Министерството за здравство, кое се јавува како налогодавач и на родителите на Дениса.
Младата Дениса Маркоска исчезна на 12 септември додека работеше на бродот „Серенисима“ во водите на Егејското Море. Неколку недели подоцна грчките власти пронајдоа безживотно тело, за кое со ДНК анализа со голема сигурност потврдија дека и припаѓа на Македонката. Но, не открија никакви детали за тоа како починала. Родителите на Дениса побараа по трансферот на телото во Македонија да се направи нова обдукција.
Слично
