Александра Аргир од „Мајорел“ - „Отвараме нови работни места и можности за градење на интернационална кариера од Македонија“
Доколку полека се обидеме да навлеземе во длабочините на системското размислување на компаниите во нашата земја, доаѓамe до еден многу интересен заклучок - културата на управување со вработените или човечките ресурси на организацијата, во било кој сектор, навистина е „шума полна со разновидни дрвја кои треба да се негуваат“. Сепак, предизвикот е голем, а можностите уште поголеми да се грижиш за таа шума да се развива, цути и да дава со плод. „Како што е на врвот, така е насекаде“, рекол мудриот. И така во сите сектори во Македонија, можеме да најдеме случаи каде компаниите не ги знаат поимите - теоретски, а уште помалку во пракса како - култура, процедура, интегритет, фер игра, здрава конкуренција, повратни информации, отворена критика на системот, развоен пристап и суштинска одржливост преку селекција заснована на компетентност.
Кога зборуваме за тоа што е магнетот кој ги задржува вработените во компанијата, првото нешто што ни паѓа на ум е врвна плата, одличен тим и предизвикувачки проекти. Главно, важни фактори се менаџментот и лидерскиот тим кој има визија, стабилност на компанијата, современи технологии и атрактивни придобивки за сите засегнати страни, пред се за вработените.
Токму таква компанија е Мајорел. Добрата хемија во тимот, ентузијазмот и способноста за развој на вработените доведоа до тоа да процесите во оваа интернационална компанија, која е специјализирана за корисничко искуство и бизнис процес аутсорсинг, постојано да се подобруваат.
Со Александра Аргир, HR Менаџер во Мајорел, разговаравме за можностите за напредок што Мајорел како компанија ги нуди за сите заинтересирани кандидати со или без претходно работно искуство.
Која е главната цел на Мајорел?
Визијата на Мајорел е „Создавање на неверојатни искуства на клиентите кои луѓето ги ценат и со кои сме горди. Со комбинирање на таленти, податоци и технологија, даваме вистинско влијание за нашите партнери.„ Посветена на својата визија, Мајорел развива дигитални решенија и кориснички услуги со кои им помага на клиентите да изградат корисничка доверба и ги реализираат своите ветувања кон сите засегнати страни.
Нашата визија е да бидеме доверлив долгорочен партнер создавајки задоволство за корисниците во свет кој континуирано се менува. Посветени на својата Мисија и зизија, Мајорел веќе во своето портфолио има повеќе од 400 бизнис клиенти глобално, во повеќе од 35 држави со над 69 000 вработени на глобално ниво. Веќе отвори свои канцеларии и во Скопје, од каде обезбедува корисничка поддршка и креира корисничко искуство во име на најпочитуваните светски брендови.
Како Скопје се најде на глобалната мапа на Мајорел?
Високо образован кадар, млади луѓе кои зборуваат повеќе светски јазици и поседуваат напредни дигитални вештини.
Тоа што ни е особено важно е што добар дел од младата популација течно зборува германски, англиски и други светски јазици. Дополнително, добивме и млади луѓе кои течно зборуваат јазици од регионот (како албански,турски и други), кои до сега немавме можност да ги понудиме на нашите клиенти.
Тоа што особено ни е драго е што Македонија е седиште на различни култури и традиции, што им дава на луѓето одреден културен сензибилитет т.е. способност да ги разберат и да сочувствуваат со културните вредности на потрошувачите од регионот.
Кажи ни нешто повеќе за регрутацијата и воведувањето на вашиот прв тим во Македонија.
Пробавме да го направиме процесот на регрутација што е можно поефикасен и да ги вклучиме во него само оние чекори кои се неопходни за да ги евалуираме потребните вештини и да се запознаеме со кандидатите. За време на периодот на воведување, сите вработени ги запознаваме со нашата компанија, начинот на кој работиме, луѓето кои се тука да ги поддржат кога тоа им е потребно, вредностите на нашата компанија и начините на кои доследно ги применуваме тие вредности. Следниот чекор е, секако, тренинг кој се однесува на специфичната услуга која секој вработен ја нуди.
Што е потребно за заинтересираните кандидати да станат дел од Мајорел?
Пред сѐ, бараме одредени јазични и комуникациски вештини. Во моментов имаме отворени работни позиции за Специјалист за корисничка поддршка со одлично познавање на германски јазик и многу добро познавање на англиски јазик. Вработуваме и без работно искуство. Кандидатите треба да ги поседуваат само бараните јазици, а потоа вклучувајќи се на тимот на Мајорел. преку работата ќе се стекнат со вештини за решавање на проблеми, креативно размислување и активно слушање, ќе имаат можност да се запознаат со различни култури од целиот свет, да преговараат на различни теми и да изнајдат сопствени решенија за предизвиците со кои се соочуваат корисниците на бизнис услугите.
Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за бенефитите кои ги нуди Majorel?
Покрај компетитивната плата, нашите вработени добиваат и неколку бонуси – бонус за добредојде, бонус за препорака и бонус за постигнати резултати, како и годишен надоместок за одмор (К-15). За нивното здравје се грижиме преку обезбедување на приватно здравствено осигурување и воведување на програма за добросостојба “FeelGood” преку која може да уживаат во различни спортски, рекреативни и креативни активности. Исто така, вработените може да изберат помеѓу работа со полно или скратено работно време.Што го дефинира Мајорел како компанија?
Дефинитивно тоа е компаниската култура и работната средина!
Мајорел како центар за корисничка поддршка во фокусот го има корисничкотот искуство, но не само за своите клиенти туку и за најважниот ресурс-своите вработени. Мајорел се грижи за своите вработени во секој аспект. Посветува големо внимание и ангажираност за личниот и професионален раст и развој на вработените. Негува уникатна компаниска култура каде што вработените се чувствуваат згрижени, поддржани, слушнати и ангажирани во компанијата уште од првиот ден. Грижата за своите вработени е изразена и преку “Feel Good“ програмата за добросостојба преку која вработените уживаат бројни бенефиции од различни области на спортот, рекреацијата, креативноста и сл.
Почит, инзворедност и креативност се вредностите кои ги промовираме и живееме секојдневно, кои истовремено претставуваат темел и гаранција на тоа што Мајорел го гради сите овие години.
За крај, кои се потенцијалните насоки во кои може да се движи нечија кариера во Majorel?
Majorelе место во кое навистина можеш да си изградиш кариера! Се случува агенти да бидат унапредени во регионални менаџери. Кога станува збор за менаџерски или специјалистички позиции, секогаш прво пробуваме да најдеме интерен потенцијал, пред да го отвориме огласот и за надворешни кандидати. Најчесто не се ограничуваме само на локални ограноци на компанијата; во повеќето случаи нудиме и глобални позиции или позиции надвор од конкретната држава.
Важно е да се напомене дека имаме големи планови за Македонија, обезбедувањето на стабилна и сигурна работа на долг рок за нашите граѓани е прв наш приоритет.
Може ли да ни кажете како заинтересираните кандидати да стапат во контакт со Мајорел.
Може да ја посетат нашата веб страна www.majorel.com/skopje или да ни пишат на социјалните медиуми, Фејсбук, Инстаграм или ЛинкедИн.
Доколку знаеш германски јазик и англиски, и имаш желба секојдневно да се надградуваш, аплицирај и гради ја твојата интернационална кариера со Мајорел.
https://jobs.majorel.com/north-macedonia/en/job-offers/customer-service-german/
