Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Александарленд“ ќе никне во Солун

„Александарленд“ ќе никне во Солун

Тематски парк посветен на Александар Велики ќе се гради воСолун. Овој амбициозен план го соопшти заменик-гувернерот на грчката област Централна Македонија, Јоргос Цамаслис, кој е одговорен за Солун, информирајќи дека паркот ќе зафаќа површина од 30 хектари.

Проектот е насловен „Александарленд“, а посетителите ќе имаат можност детално да се запознаат со животот на македонскиот крал од неговото раѓање, детството, преку образованието и обуката, до неговите походи за освојување на светот, соопшти Цамаслис.

Паркот ќе изобилува со интерактивни екрани, симулации на борби, аудио-визуелни презентации и изложби. Студијата за паркот им е доверена на експерти од универизтетот Аристотел, а за финансирање на изградбата ќе бидат поканети и заинтересирани меѓународни инвеститори.

Слично

Поврзани вести