Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ ПОВТОРНО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ: Брнабиќ рече дека изборите нема да бидат лесни

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ ПОВТОРНО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ: Брнабиќ рече дека изборите нема да бидат лесни

Во седиштето на партијата денеска се одржа седницата на Претседателството на Српската напредна странка.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ по седницата се обрати и соопшти дека донеле одлука да го предложат Александар Вучиќ за претседател на Србија на претстојните избори.

„Донесовме одлука кандидат да биде Александар Вучиќ. Ние, како што знаете, не се двоумиме како партија, кој треба да биде наш кандидат. Сметаме дека делата го избраа тој кандидат, дека делата најдобро зборуваат и дека делата говорат за сите – рече Брнабиќ.

Како што вели, имале, не само одличен кандидат, туку и убедливо најдобар кандидат на овие избори.

„Изборите нема да бидат лесни, како и да ги свртите, особено во вакви тешки времиња. Многу сум посреќна што Александар Вучиќ ја прифати нашата кандидатура. Иако изборите нема да бидат лесни, нашата цел е да испишеме историја - рече Брнабиќ.


Слично

Поврзани вести