Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aлександар Вучиќ најави дека ќе бидат хеликоптерска велесила

Aлександар Вучиќ најави дека ќе бидат хеликоптерска велесила

Српскиот претседател Aлександар Вучиќ најави дека ќе бидат хеликоптерска велесила во регионот. 

Тој денеска најави дека неговата земја во 2022 и 2023 година ќе набави уште околу 30 хеликоптери. 

„Голем број хеликоптери се набавени и годинава и во претходните години, а очекувам големи набавки на хеликоптери во наредната година и во 2023 година. Очекуваме вкупно 18 плус 12 хеликоптери“, изјави Вучиќ.

На средба со компаниите од одбранбената индустрија на Србија е донесена одлука за помош на домашната наменска индустрија со 145 милиони евра во првиот квартал од 2022 година.

Слично

Поврзани вести