Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Стуб: Санкциите против Русија ја загрозуваат финската економија

Александар Стуб: Санкциите против Русија ја загрозуваат финската економија

Премиерот на Финска, Александар Стуб призна дека стопанството на неговата земја во голема мера зависи од Русија, пренесуваат медиумите.

„Ако руската економија се намали за 3%, нашиот БДП ќе се намали за 0,5%“, изјави Стуб за време на посетата во Шведска.

Според неговите зборови, Финска во моментов е зафатена од најголемата економска криза во последниве 20 години и затоа големи се грижите за можните санкции против Русија и нивното влијание врз земјата, чија благосостојба доста зависи од трговските односи со неа.

Руската Федерација е најголемиот трговски партнер на Финска. Дури 11% од финскиот извоз оди во Русија.

Санкции против Русија можат да бидат воведени на состанокот на Европскиот совет на 16 јули.

Слично

Поврзани вести