Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Поповски повеќе нема да биде член на Одборот на директори на „Жито полог“, поднел оставка од лични причини

Александар Поповски повеќе нема да биде член на Одборот на директори на „Жито полог“, поднел оставка од лични причини

Александар Поповски повеќе нема да биде член на Одборот на директори на компанијата „Жито Полог“. 

Тој ја поднел својата оставка од лични причини, се наведува во Одлуката која ја донела компанијата и за која извести преку Македонската берза. 

На негово место доаѓа Катерина Дамјановска, чии мандат ќе биде до истекот на мандатот на останатите членови на Одборот на директори, односно до 6 април 2025 година. 

Како што е наведено во Одлуката, неизвршниот член на Одборот на директори има право на месечен паушал во нето износ од 20 илјади денари, како и право на надомест на сите други трошоци, како и други права што се поврзани со вршењето на нивната функција, односно користење на работни простории, потребни средства за работа, право на користење на возило и други права, за што Одлука донесува Одборот на директори.  

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести