Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Пановски засега е единствено име од „Панамски документи“

Александар Пановски засега е единствено име од „Панамски документи“

Александар Пановски е името за кое веќе има достапни информации поврзани со аферата„Панамски документи“, објавени на интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи.

Името на овој Македонец се појавува во шема објавена на сајтот и се поврзува со компанија со  „Ориент Оил и Гас Лимитед“, со адреса на Британските Девствени Острови. На сајтот стои и неговата домашна адреса во Скопје. Пановски е директор и акционер во ова друштво од 8 јуни 2009 година.  „Ориент Оил и Гас Лимитед“ се води како офшор субјект, а Пановски се поврзува со описот „лице кое има улога во офшор субјект или посредник кој им помага на клиентите да основаат офшор субјект. Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи најави дека вечерва во 20 часот, ќе ја отвори базата со податоци за повеќе од 200.000 офшор субјекти, кои се дел од истрагата „Панамски документи“.

Слично

Поврзани вести