Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Николоски: Персоналецот и данокот на добивка ќе биде 8 отсто

Александар Николоски: Персоналецот и данокот на добивка ќе биде 8 отсто

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „24 Анализа“ рече дека најголемата опозициска партија на 17.Конгрес донела заклучок дека Данокот на добивка и Персоналниот данок треба да се намалат од 10 на 8 отсто.

- Ние сметаме дека Македонија треба да биде земја на ниски даноци. Oвој денешен концепт носи повеќе сива економија, а бизнисот не може да издржи. Веќе Македонија нема најнизок данок, рече Николоски.

Функционерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека оваа даночна реформа треба да биде прифатена и од СДСМ и другите политички партии консензуално за да нема несигурност во иднина. 

- Во однос на економската логика, 2006 Македонија имаше 40 отсто невработеност, но даночната реформа во 2007 ја преполови невработеноста, наведе Николоски.

Тој најави и реформи во полицијата, каде што кадрите би биле независни во работењето и би биле изолирани од влијанијата на политичарите, но и дека тоа треба да се реши консензуално.

- За жал на македонските улици, особено во Скопје, има дрога како никогаш претходно. Тоа уништува генерации. Безбедносните служби точно знаат како таа стигнува и кој ја продава. 

Мора да има јасен политички консензуз и да се каже дека ќе има професионални единици кои ќе бидат недопирливи за врвот од МВР и дека ќе бидат заштитени по идентитет, но и да имаат бенефиции, смета Николоски.




Слично

Поврзани вести