Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛЕКСАНДАР НЕШКОСКИ: Дали виновниците за смртта на Мартин спијат мирно?

АЛЕКСАНДАР НЕШКОСКИ: Дали виновниците за смртта на Мартин спијат мирно?
Пет години од смртта на младиот  Мартин Нешкоски. Тага и неверување сеуште се присутни кај неговите најблиски,  но и серија неодговорени прашања, кој и зошто го уби нивниот син, брат? Сеќавањата на кобната ноќ  сеуште се свежи за семејството на младото момче  кое бара одговори што навистина се случило на градскиот плоштад и дали целосната вистина некогаш ќе излезе на виделина?! 21 годишниот Мартин  во јуни 2011 година беше убиен на плоштадот Македонија од страна на припадник на „тигрите“, додека ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата на парламентарните избори. И оттогаш до денес целиот случај и покрај пресудата,  за семејството, но и за јавноста е една голема мистерија. Братот на Мартин, Александар Нешкоски, за Фактор вели дека по смртта на неговиот брат ништо не е исто. Збунет е, гневен од се што се случува. Не верува во луѓето, уште помалку во политиката, разочаран е од манипулациите и интригите на оние кои по секоја цена сакале да го прикријат случајот убедувајќи се себеси и системот дека еден живот не вреди ништо. Но се излажале, правдината според Александар секогаш го стигнува виновникот, и што би рекла народната -”Правдината не  е врана да му ги ископа очите, но е скалило кое лека полека еден ден ќе го стигне секого!”. “Живеам за тој ден кога навистина целосно ќе биде расветлен случајот за смртта на мојот брат. За болката не сакам да зборувам бидејќи секој кој изгубил близок знае за празнината, маката и патењето. Пет години јас и моето семејство го преживуваме секојдневно она што му се случи на мојот брат.Болката е преголема, загубата ненадоместлива. Ме одржува мислата дека еден ден се ќе биде откриено, разолбличена секоја интрига и лага и  обид за манипулација да се скрие брутално убиство”-раскажува Александар Нешкоски. Александар вели дека  пет години не спие мирно, бидејќи неможе да се помири со суровата реалност дека  само за миг го изгубил најдрагоценото, а низ главата му минува мислата:  можеше ли да биде поинаку?! Сеуште во мислите му е сликата на неговиот помал брат кој никому во животот не му згрешил ништо, а ја платил најголемата казна со својот живот. александар и мартин Се прашува:  дали виновниците спијат мирно? Има ли совест во нив, размислуваат ли каква штета направиле и дали кога  поминуваат и се сликаат на градскиот плоштад, пред нивните споменици на културата и историјата, се сеќаваат ли  дека испишале понова крвава историја?! “Бараме одговори зошто некој посегна по  животот на Мартин   кога тој не газеше ниту на мравка. Каде ќе им оди душата брутално да згаснат млад живот, да се обидат да ја скријат вистината и да живеат со тоа. И по пет години по убиството сите знаеме дали Спасов бил на должност или не бил. Фотографиите го потврдуваат тоа, иако сакаа да го сокријат секој детал. На секој можен начин веќе се гледа дека бил на должност. Тоа и Јанкулоска и Мијалков го потврдуваат на снимките од бомбите.Затоа народот излезе на улица. Тука станува збор за убиство во секој поглед” - потенцира Александар. Тој очекува Специјалното јавно обвинителство да го расветли случајот  бидејќи како што вели фактите и доказите ќе ги однесат до вистината. “Виновниците ги злоупотребија сите механизми и сета моќ кои им беа на располагање и успеаја да креират една лага во која никој повеќе не верува. Имаше фингирање на истрагата, лажни сведочења, притисоци и обид за поткуп. Сигурен сум  дека правилно спроведената истрага, може да ја потврди нивната инволвираност. Очекувам дега  по природен пат ќе падне и ќе одговара оваа власт, не само пред институциите, туку и пред народот.  Треба да си ја платат цената " – вели Александар. Смртта на Мартин предизвика бурни  реакциии во јавноста. Беа организирани протести, целиот случај покрена широка граѓанска акција против полициската бруталност. Масовен протест се очекува и вечерва. Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која за случајот немало  повреда на членот 2 од Европската конвенција. Судот образложи  дека за смртта на  Мартин Нешкоски кој  бил убиен од страна на припадник на специјалните полициските сили, за време на прославата за резултатите од изборите во 2011 година имало судски процес кој резултирал со изречена 14-годишна казна затвор за полицаецот Игор Спасов. Но ова, вели Александар не значи дека правдата е задоволена, туку дека допрва овој случај треба и заслужува да добие вистинска разрешница.
Слично

Поврзани вести