Александар Кондев: Студентските протести низ фотографскиот објектив- визуелен документ за студентскиот отпор
Пратениците ги донесоа новите пакет образовани закони, меѓу кои и Законот за високо образование. И покрај реакциите на студентите и професорите од игнорантскиот однос на власта која се оглуши на нивните барања и предлози, останаа фотографиите да сведочат за повеќе последователни протести кои покрај од академската и студентската заедница беа подржани и од случајни и намерни минувачи кои застанаа во одбрана на нивните ставови и аргументи против, според нив, лошите реформи во високото образование.
Студентските собири, протести, перформанси, се доказ дека младината долго во себе го чува апсорбираниот гнев поради лошите реформи кои со години му се случуваат на високото образование. Директно меѓу студентите на сите досегашни протестни собири, вклучувајќи го и вчерашниот против владините реформи во високото образование, е и фотографот Александар Кондев. Тој за Фактор, вели дека студентските протести се посебен момент кој вреди да се овековечи со фотографија. На тој начин тој им ја дава својата безрезервна поддршка на студентите, бидејќи верува во нивната идеја, мотив и чекори, кои беа ненасилни, надпартиски, надетнички.
“Фотографски ги снимам бидејќи кога се ќе мине останува визуелниот документ , дополнително што ова е мојата професија и сакам на најдобар и најубав начин овие случувања да останат запаметени. Зошто сум со нив? Прво нивните ставови сметам дека се исправни и демократски, за што им честитам. Второ, на тие протести учествуваа деца на мои блиски пријатели и роднини, мои бивши колеги од Универзитетот, мои поранешни студенти кои сега се видни уметници и професори. И една банална причина, кога постарите се наоѓаат со младите никој не може да ги обвини за хулиганство, провокациите од разни страни потешко поминуваат отколку младите да останат сами. Нормално поддршката е многу битна и за нив, бидејќи сваќаат дека не се сами и дека постарите генерации ги одобруваат нивните чекори. На крајот на краиштата, толку многу народ на снег и студ да протестира, треба сериозно да се сфати и од власта и од опозицијата бидејќи е јасно дека ја изгубиле ориентацијата во владеењето”-вели фотографот Кондев.
Студентите и одржаа час по демократија на власта!
Кондев во својата фела е познат како човек кој живее со и за својата љубов-фотографијата, бидејќи со оваа уметност се занимава повеќе од половина век.Иако неколку месеци е во пензија, работи со ист жар и ентузијазам како и на почетоците од неговата кариера. Порано бил стручен соработник на Факултетот за ликовни уметности каде околу десет години предавал фотографија. Затоа вели, многу добро ги знае случувањата во високото образование, слабостите и нелогичностите кои ги носат честите измени на законите.
“Беа прочитани задните намери за воведување на државниот испит како средство за манипулација, а дополнително се поклопи импакт факторот и оданочувањето на хонорарната работа, па студентите, наставниот кадар. Она што беше заеднички именител се најголемиот број засегнати граѓани кои се наоѓаат на заеднички протести. Ова што досега се случи беше час по демократија. За прв пат имаме мирни протести но и достоинствени на припадници од сите ентитети кои живеат во Македонија. Немаше Комити и Шверцери, немаше кршење, немаше вандалско однесување и сите граѓани треба да се гордеат со таква младина. Студентските но и професорските барања беа артикулирани , одмерени и не се насочени за рушење на оваа власт, туку да се спротивстават на ароганцијата со која власта настапува, која не сака демократски дијалог во општеството. Веројатно е дека како ќе се зголемуваат тензиите во општеството така и овие протести ќе добиваат се поголемо значење”-додава Кондев.
Незадоволството расте!
Според брзината со која пакетот измени на Законите во високото образование поминаа на прво и второ читање, воопшто не изненади и нивното вчерашно носење на пленарната седница. И студентите и професорите порачаа дека борбата не е завршена, туку напротив власта сама ќе си ги увиди грешките кога овие решенија нема да може да ги спроведе во пракса. Според фотографот Кондев, граѓанското незадоволство има подлабоки корени, бидејќи надлежните отвораат фронт со младината која треба да биде иднината и потенцијалот на една држава.
Студентските протести, според него, уште од 2011 се културни и мирни, што смета, е за голема пофалба, но тие секоја година стануваат се помасовни и поартикулирани ставови. Ако првите беа за ароганцијата на власта во затскривање на причините за смртта на младот Мартин Нешковски, каде власта под притисок на јавноста и на младината беше приморана да го отвори и да проговори за овој случај, сега оценува Кондев, има масовна реакција поради уништување на автономијата на Универзитетот и основните права на студентите и професорите.
“Партиите кои се на власт но и оние во опозиција премногу се поистоветија со владеењето на Луј 14, односно нивно сплотување со крупниот капитал кој всушност ги влече конците на сите промени. Имаме партии без програми, каде единствена цел е да се стигне до власта и приграбување на ресурсите кои ги овозможува истата. Сите постоечки партии преку уставни промени го сменија изборниот систем во пропорционален, каде непосредното влијание на гласачите и парламентот се укинати, а со тоа еден од столбовите на поделбата на власта е уништен . Демократијата на тој начин е доведена до карикатуралност и затоа се носат закони какви што им одговараат на властодршците, а не на народот. За ова средната класа која е столб на демократијата беше опортунистички настроена и се прилагодуваше без некои видливи спротивставувања. Но кога кризата го наруши комодитетот на овој сегмент, таа почнува да реагира.Ова е само почеток. Прилично мирно, протолкувајќи ги жешките костени со кои се руши и онака нискиот стандард на граѓаните. Будењето започна многу порано, но најактуелно се артикулираше кај младите, а постарите морам да кажам реагираат прилично млако имајќи го во предвид предизвикот”-вели фотографот Кондев.
Фотографии со црвени кругови – визуелно сведоштво за студентското „против“
Фотографиите од студентските протести, според Кондев, во преден план ги имаат реакциите на студентите, нивната порака која тој ја пренесува на универзален и визуелен јазик. Тој од овие настани креира дела, кои вели уште долго ќе говорат и ќе останат запишани во фотографската меморија, како еден израз на незадоволство, но и успех на илјадници студенти, професори и граѓани кои за прв пат рамо до рамо отворено ги извадија на површина сите нелогичности и проблеми во високото образование. Партиите порачува фотографот, треба внимателно да се однесуваат со овие млади луѓе и кон нивните барања бидејќи тие се искрени и нивна крајна цел е напредокот на земјава, а не нејзино враќање во средниот век.
С.Б.
Во продолжение уште неколку фотографии од Александар Кондев:

Слично