Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Гочев, АМАН: Политичките лидери да се потпишат за пониски цени!

Александар Гочев, АМАН: Политичките лидери да се потпишат за пониски цени!
По четири месец на улица, граѓанската инцијатива “АМАН- Доста е“ против поскапувањата, влезе во институцинални канали. Во тек е операција за собирање на потребните 10 000 потписи со кои во Собранието ќе може да побара и да предложи измени на Законот за енергетика. Граѓанската иницијатива се однесува на две клучни работи: враќање на евтината тарифа за електричната енергија и да се елиминира можноста компаниите што испорачуваат електрична и топлинска енергија и гас да не можат да им наплаќаат на граѓаните за нешто што не го користат. Но, наместо обединување на граѓанскиот интерес, иницијативата доживеа “политичка саботажа“ преку организирање на контрапротести и етикетирање дека се работи за “конструкција“ на опозицијата. Отворено разговаравме со еден од иницијаторите, Александар Гочев,што очекуваат, ќе ја добијат ли поддршката од политичарите, зошто синдикатот не се придружи на оваа иницијатива? ФАКТОР: Кои од политичарите, функционерите,  пратениците одговорија и возвратија на иницијативата со потпис? ГОЧЕВ:  На своите прес конференции АМАН постојано ги повикува државните функцинери, партиските лидери, татковците на локалните самоуправи, кандидатите за градоначалници да ја поддржат иницијативата за собирање на 10.000 потписи на АМАН. Досега АМАН има официјални информации дека само Јани Макрадули и  Андреј Жерновски го депонирале својот потпис за иницијативата, на последниот протест во Прилеп, поддршка дадоа и пратеникот Горан Сугаревски и кандидатот за градоначалник Хари Локвенец. Искрено жалиме што досега само неколку функционери од опозицијата ја поддржаа оваа инцијатива. Се надеваме дека до 30 - ти јануари политичарите од целокупната  политичка сцена во Македонија, ќе застанат зад барањата на АМАН и ќе се потпишат на иницијативата. ФАКТОР: Очекувате ли можеби потпис директно од политичките лидери како Црвеновски, Груевски, Ахмети, Тачи ? И тие се граѓани што на крајот од месецот треба да платат сметки за струја, комуналии , парно? ГОЧЕВ:Токму поради тоа ја очекуваме нивната поддршка, по завршувањето на работното време сите тие се обични граѓани, кои иако имаат повисоки примања,но сметките и кај нив одат се погоре и погоре,  кога ѓи плаќаат сметките ниту тие, ниту нивните фамилии не добиваат попуст поради тоа што се лидери на политички партии. Како личности кога би си ја извршиле својата граѓанска можност да се потпишат на ицинјативата на АМАН, сигурно би чуствувале и граѓанска одговорност кон своите членови, симпатизери и граѓани да ги повикаат да го направат истото. ФАКТОР: Што се случи со синдикална поддршка од ССМ, Конфедерацијата на синдикати и останатите синдикални организации? ГОЧЕВ: “AMAH” од синдикалните организации до сега доби јавна подршка само од УПОЗ кој е  еден гранков синдикат при ССМ и Самостојниот Синдикат на Новинарите и медиумските работници. Дали молчењето на останатите синдикални организации можеби е знак за одобрување за поскапувањата? Или можеби одработуваат туѓи агенди ? Но едно е сигурно нивното молчење не е за добро за работниците, оние кои што треба синдикатот да ги штити Дали Живко Митревски, инаку претседател и на гранковиот синдикат на шумарите и претседател на ССМ, смета дека овие поскапувања не ги допираат шумарите? ФАКТОР: Политичко етикетирање на протестите? Власата обвинува дека се конструкција на опозицијата? ГОЧЕВ: Власта во немоќ да се справи со проблемите на граѓаните и барањата на АМАН не и останува ништо друго туку само да етикетира. Социјалните прашања и теми кои АМАН ги опфаќа не ги тангира само членовите на опозициските партии, доколку владечката партија има посебен систем за давање на услуги како електрична и топлинска енергија кон своите членови а притоа не им ги наплаќа услугите тогаш јавно нека каже и сите ние веднаш ќе станеме членови на партијата. АМАН доколку е производ од партиските кујни на опозицијата тогаш барањата за надозрна расправа за регулаторна ќе беа одамна прифатени, граѓаните на улица ќе беа многу побројни , и сите ние како граѓани сме свесни дека се што е партиски организирано бер разлика од чија страна не трае долго, туку го снемува од етерот во брзо време, имаме примери на гласот на свтлината, изгор приватизација, марш за живот и многу други останати такви квази иницијативи кои имаат за цел само да го дефокусираат народот од социјалните проблеми. ФАКТОР:Дали сте задоволни од досегашниот одзив? И што е следно доколку се соберат потребните 10 000 потписи? ГОЧЕВ: Споменав дека граѓанската иницијатива за собирање 10.000 потписи е она што го оддржа АМАН во живот, бројката на протестите драстично опаѓаше од причини кои на нас не ни се познати, можеме да претпоставуваме дека се во прашање закани, притисоци, страв, пасивност на граѓаните, апатија но мораме да признаеме дека во Македонија граѓанскиот актвизиам е сведен на минимум. Доколку законот кој го предлага АМАН се имплементира во институциите тоа би значела една голема победа на граѓаните и можеби доволна мотивиација АМАН да продолжи со протести во остварување на останатите 6 барања. АМАН ќе продолжи да протестира и да се бори за правата и достионството на граѓанинот се до остварување на нашите барања.
Слично

Поврзани вести