Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Чомовски: Во политиката, непопустливоста е израз на фрустрирачка „мажевност“!

Александар Чомовски: Во политиката, непопустливоста е израз на фрустрирачка „мажевност“!
Дали некој се сеќава на фасификатот од изборите 94-та, по што следуваше референдум за предвремени парламентарни избори, со над 2оо илјади потписи, што тогашната Власт, без опозиција во Парламентот, го игнорираше со брутална политичко-законодавна агресија?! Тогаш неформалната коалиција Георгиевски-Гошев, се реши да апстинира од натпревар со коалицијата на СДСМ, препутштајќи им ја апсолутната власт на Глигоров –Црвенковски. Времето, пред и потоа, може да се детектира како буревесник на криминалната транзиција, мафијашкото инсталирање на политичко-бизнис елитите во трансферзалата Грција-Македонија-Србија. Се приватизаира над 8о насто од општественото богатство, со годишен пораст на БОП одвај од 1-3 насто годишно. Се прифати Фиром, иако предходно, 92-ра, токму конзенсусот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во Парлементот, беше најсилното оружје во битката за промена на срамната  Лисабонската декларација на ЕУ. Апстинецијата од парламентарниот живот  го девалвира патриотскиот ентузијазам на ВМРО-ДПМНЕ, а долгата изгладнетост го направија Георгиевски неотпорен кон аздисаноста на парите и моќта. Истовремено   ги „извалка“ чистите раце, слоган на ДП и кариерата на Гошев, и Тој од политички налет, влезе во залез.  Една кретивна и одважна политичко-демократска личност,  својата  лидерска позиција ја трампа за улога на извршител. Дали политичката историја, по нецели две децении, се повторува како фарса? Дистанцата е можеби прекуса , па актуелните политички игри и мимикрија да бидат историја. Или на сцена е ново фарисејство, што е премногу опасно и ризично за да биде само фарса! Која е инаку логиката расправата за буџетот да биде повод за полициско-политичката бруталност во „храмот “ на демократијата?  Зошто би се бојкотирале локалните избори, ако целиот политички багаж опозицијата го  натовари преку дискредитација на проектот Скопје 2о14?  Тој може да се стопира само ако се победи во Метрополата и Центар. Каква е логиката да се напушти Охрид, во време кога е на сцена нова брутална експропријација на сопственост на земја, брутална, како нова национализација? Затоа и не е храброст да се напушти парламентот, по само една изгубена политичка битка. На физичката бруталност, одговорете со умствена агресивност. Барем избирачите да имаат алтернатива.  Ако војната за демократија се персонализира со балканскиот синдром на култ на личноста кај дветте завојувани групации, жртви се граѓаните. Зошто се бараат вонредни парлементарни избори кога тие еднаш веќе се случија , по барање на опозицијата? Таа ја имаше подршката  од (нај)моќен медиум зад себе, што ги  детектираше сите  изборни далавери, пред и за време на гласачкиот  процес. И што? Не поминаа ниту два часа, од затвореното гласање, а  лидерот на опозицијата Црвенковски, го призна парламентарниот пораз, но како своја лична победа. Изборите се одржаа според спорните законски правила, па сепак опозицијата поразот го третираше како победа. Каква е тоа иронија, кога се „победува“ со киднапирана изборна демократија!  И лаиците забележуваат – лидерите се во фаза на меѓусебна стимулација Груевски неможе без Црвенковски. Тие и затоа  глумат агресивност, грлатост, решителност, зашто се под стрес  за својата судбина. Затоа Македонија е заробеник на нов бран на политички провинционализам – не е важно што вие мислите, има кој за Вас да „мисли“. Ако во животот компромисот не е лична особеност, тогаш  во политичката игра непопустливоста е израз на фрустрирачка „мажевност“. Само големи и креативни умови можат да се справат со политика на „ИЛИ“-ИЛИ . Играта е околу фарисејството, а фарисеји се „лицемери“, „слепци што водат слепци“( по Матеј 23-16)? Конечно. Кој, кога и под какви услови ќе го решава спорот околу името?  Дали парламентарците ќе бидат жртвувани за историската спогодба или народот, преку фингиран референдум? Се ми се чини дека е во игра некој нов „план Мок“. Пред две децении  австрискиот министер за надворешни, нудеше пакет на трампа – ИМЕ,  со „донација“ од една милјарда марки, тогашни. Се друго е евтин трик. Сепак, се е до парите и буџетот? Демократијата е жртвувана, Македонија е заробеник на политичкото его на егоисти. А светот ги бара моделите на социјална рамнотежа, зашто животот е долг, ако ги подку(суриме)симе суетите. Ако бојкотот е средство, тогаш  целите се макијевелистчки.  Од тука култ на сила, ако може да се „остварат“ крупни, често означени како „возвишени“, цели. Овој пат Македонците ја бијат битката со себе и за себе. Нашите сограѓани-Албанци, ја тестираат моќта на мнозинството.  Во прашање е внатрешниот демократски идентитет. Без него нема да располагаме ниту со нашиот  национален идентитет. Александар Чомовски Фактор Ви ги претставува мислењата на македонските новинари во однос на претстојните локални избори. Не мора да значи дека ставовите на новинарите ја одразуваат уредувачката политика на Фактор, но и сега и во иднина ќе правиме се овие ставови да бидат достапни за нашата читателската публика, како придонес во развојот на економската и политичка дебата.
Слично

Поврзани вести