Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛБИН КУРТИ ЗА МИНИ ШЕНГЕН: Се создава нова платформа за „голема Србија“

АЛБИН КУРТИ ЗА МИНИ ШЕНГЕН:  Се создава нова платформа за „голема Србија“

Не смее да се дозволи формирање на „четврта Југославија“, вели лидерот на Самоопределување и кандидат за нов косовски премиер, Албин Курти.

Тој го кажа својот став за иницијативата за создавање „мал Шенген“, која неодамна ја претставија српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев. Пред две недели тие се обврзаа во заедничка Декларација за воспоставување на слободен проток на луѓе, материјали, услуги и капитал на Западен Балкан дека ќе работат на унапредување на регионалната соработка, со цел зголемување на економскиот раст. 

Вели дека Србија е посветена на создавање на нова платформа за „голема Србија“. 

„На Србија е потребна платформа за ширење и не смееме да дозволиме „четврта Југославија“. Тоа е целта на Србија“ – изјави Курти.

Но, Тирана побара и Приштина да се вклучи, инаку најавија дека ќе се повлечат од иницијативата. Албанскиот министер за надворешни работи, Гент Цакај, кажа дека вклучувањето на Приштина во регионалниот „мини Шенген“ е суштински услов на премиерот на Албанија Еди Рама и за тоа нема да преговара.

Курти неодамна изјави дека Косово и Албанија треба да бидат како две Германии. 

Слично

Поврзани вести