Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албин Курти призна дека е загрижен бидејќи Србија купува ново оружје

Албин Курти призна дека е загрижен бидејќи Србија купува ново оружје

Koсово ја критикува Србија затоа што таа се вооружува. Косовските власти признаваат дека се загрижени. 

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека постојаното вооружување на Србија е одраз на нејзиниот страв дека ќе остане осамена „кога ќе стане јасно дека веќе нема да може да седи на неколку столици“, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти вели дека Косово е загрижено и внимателно поради постојаното вооружување на Србија со ракетни ситеми и друго оружје од Кина и Русија, но дека не се плаши. Курти уверува дека граѓаните се безбедни. 

„Србија се обидува да се зајакне себеси, затоа што може да остане осмена. Значи, постојаното вооружување на Србија не е безопасно за регионот и за Република Косово, но од друга страна е одраз на стравот дека ќе остане сама кога ќе стане јасно дека веќе нема да може да седи на неколку столици, како што е навикната“, изјави Курти. 

Сепак, Курти вели дека вооружувањето на Србија не е безопасно за регионот.

Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај вели дека последното снабдување со оружје на Србија од Кина, а пред тоа и од Русија, претставува закана за мирот и стабилноста во Балканот, но и пошироко, јави дописникот на МИА од Приштина.

Слично

Поврзани вести