Албин Курти кажа на што треба да се привикнуваат Србите
Откако по 10 дена тензии, Косово и Србија во Брисел се договорија за регистарските таблички, косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија ќе мора да се навикува на реципроцитет.
Kaжа деја почнува „ерата на привикнување на Србија на реципроцитет“. Тој рече дека специјалната единица на косовската полиција (РОСУ) отишла на граничните премини Јариње и Брњак за да ги заштитат тие премини и полицијата од блокадите на патиштата. Вели дека и во иднина ќе делуваат исто ако има слична ситуација.
Српскиот претседател Александар Вучиќ генерално е задоволен од договореното.
„Властите во Белград јасно им ставија до знаење на меѓународните претставници и НАТО дека, доколку има загрозување на безбедноста, а КФОР не ја заврши својата работа во согласност со мандатот, ние и сами ќе бидеме спремни и способни да го сочуваме нашиот народ“, изјави тој.Косовските власти нема да ги симнуваат српските регистарски таблички, туку врз нив да ставаат налепници. Договорено е косовските специјалци да се тргнат од граничните премини Брњак и Јариње, а таму да остане КФОР. Ќе се поцлечат и граѓаните од српска националност кои беа на барикадите.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, го поздрави денешниот договор што Белград и Приштина го постигнаа во Брисел. За неа тоа е позитивен развој на настаните.
